Молк во ЕПП за азилот на Груевски во Унгарија

Брисел, 13 декември 2018 (МИА) – Ниту еден од шефовите на држави и влади на земјите членки на Европската Народна Партија денеска не сакаше да коментира за одобрениот азил на Никола Груевски во Унгарија (ЕПП).

Единствено еврокомесарот за проширување Јоханес Хан искоментира дека ќе се обиде да го праша Виктор Орбан за појаснувања на маргините на средбата.

Пред Самитот на ЕУ секоја политичка партија се состанува на партиско ниво за координација. На предсамитот на ЕПП беа присутни, меѓу другото, Виктор Орбан, Ангела Меркел, Жан Клод Јункер, Андреј Пленковиќ, Себастијан Курц и други.

Јоханес Хан, кој е инаку и потпретседател на ЕПП, за МИА изјави дека не очекува никаков одговор од Орбан, освен дека се е согласно законот и владеењето на правото во Унгарија.

Запрашан дали стравува дека Будимпешта би можела да ја блокира Македонија во делот на судството поради Груевски, Хан изјави дека “очигледно не“.

-Имавме состанок неделава во Советот за надворешни работи и потврдено беше дека Македонија е речиси водечка земја во процесот на проширување во регионот, рече Хан.

На влезот на предсамитот на ЕПП МИА го праша и кандидатот на оваа партија за следните европски избори, Манфред Вебер, дали има став за азилот на Груевски, но тој само кусо одговори дека нема да ја коментира оваа тема.

Виктор Орбан и Себастијан Курц, исто така, одбија да одговорат на прашањето.

Хрватскиот премиер Пленковиќ изјави дека е запознаен со овој случај, но дека „за сега не сме расправале за тоа“, без да даде повеќе детали за тоа дали темата воопшто ќе дојде на дневен ред. 

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Македонија

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Read more

Дел од неколку скопски населби без струја

Read more

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Read more

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд

Read more
 

Вести

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Читај повеќе

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Читај повеќе

Маж фрли бомба врз Сатанскиот храм во САД

Читај повеќе

Дел од неколку скопски населби без струја

Читај повеќе
  • play_arrow

Жена во Бразил донела мртов маж во банка за да може да подигне кредит

Читај повеќе

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Стопирани сите летови на Alaska Airlines во САД

Читај повеќе

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Читај повеќе