Момче спречено во обид да се разнесе во Ирак
Ирачката полиција уапси момче на возраст од 12-13 години, кое на себе имало појас со експлозив во градот Киркурк, северно од Багдад. На видеото снимено во моментот на апсење, гледаме како му го отстрануваат појасот со експлозивната направа. Момчето џихадист беше упасено 24 часа по самоубиствениот бомбашки напад во Турција, во кој негов врсник во градот Газиантеп усмрти 51 лице.