Моментот кога Васил блесна на евровизиската сцена е меѓу фотографиите на годината на Reuters

Александра Спасеска
/ 02.12.2021 / 16:30

Светската новинска агенција Reuters објави галерија со фотографии што, според изборот на уредниците, ја обележаа 2021 година.

Меѓу фотографиите што сведочат за бурната година што изминува, од пандемијата, до бегалската, економската и еколошката криза, се најдоа и две фотографии од светот на шоубизнисот, од кои едната е од настапот на Васил Гарванлиев на Евросонг 2021, а другата со актерот Даниел Крег, на црвениот тепих на премиерата на филмот ,,No Time To Die”.

„Претставникот на Северна Македонија, Васил, настапува на првата полуфинална вечер на Изборот за песна на Евровизија 2021 во Ротердам, Холандија, 18 мај, 2021 година“, стои во описот на фотографијата на Пирошка ван де Вув за Reuters, на која е овековечен моментот кога Васил буквално блесна на евровизиската сцена во одличната креација на костимографот Раде Василев.

Remote video URL

Васил, кој ја претставуваше Северна Македонија на Евросонг со песната „Here I stand“, преку социјалните мрежи скромно се заблагодари што е дел од изборот на Reuters.

What a beautiful thing to wake up to. 🌍🇲🇰 One of my favorite moments of 2021 has been selected and captured as one of...

Posted by Vasil Garvanliev on Wednesday, December 1, 2021

Целосната галерија на Reuters можете да ја погледнете ТУКА.

реклама

МК сцена

На 7 и 8 јуни по петти пат фестивалот Metal Discharge во Битола

Read more

Режисерка од Нов Зеланд сними филм инспирирана од Пред дождот на Милчо Манчевски

Read more

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Read more

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Read more
 

Сцена

Бредли Купер исмеван поради новиот имиџ

Читај повеќе
  • play_arrow

Расел Кроу вели дека му е малку непријатно поради снимањето на новиот Gladiator

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјален трејлер за Romulus, седмиот филм од Alien

Читај повеќе
  • filter

Анистон снимена во јавност по посетата на пластичен хирург: Промените се очигледни

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

На 7 и 8 јуни по петти пат фестивалот Metal Discharge во Битола

Читај повеќе
  • play_arrow

Фан ја тужи Мадона поради премногу експлицитен настап: Изложеност на порнографија без предупредување

Читај повеќе

Уште едно од децата на Анџелина Џоли и Бред Пит се откажува од презимето

Читај повеќе

Лени Кравиц откри дека е во целибат девет години

Читај повеќе