МОН и СОНК постигнаа договор, повисоки плати од 1 јануари 2020 година

Скопје, 8 ноември 2019 (МИА) – Вработените во основното, средното и високото образование ќе го добијат новото покачување на платите од 10 проценти од 1 јануари 2020 година, договорено е на денешната средба во Министерството за образование и наука помеѓу ресорниот министер Арбер Адеми и претставниците од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) предводени од нивниот претседател Јаким Неделков.

По средбата, министерот Адеми изјави дека се работи за историски момент затоа што ова е трето покачување по оние што наставниците ги добија минатиот и овој септември од по пет проценти, нагласувајќи дека се работи кумулативно за зголемување од 21,3 проценти во еден мандат. За поместувањето на исплатата за три месеци, во јануари наместо во април како што беше претходно предложено, во Буџетот ќе бидат одвоени дополнителни 1,4 милијарда денари.

Адеми рече дека наставниците заслужуваат повисоки плати и дека секогаш МОН ќе биде на нивна страна, но дека засега се тие можностите.

– Се враќа дигнитетот на наставничката професија. Горди сме што интензивно преговаравме со СОНК за наставниците да имаат достоинствени плати, истакна Адеми по средбата со претставниците на СОНК.

Тој потсети и на зголемувањето на платите на вработените во седум научни институти за 25 проценти за што Владата донесе одлука пред две недели.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков е задоволен од исходот на неколкуте досегашни средби коишто, рече, биле тешки и најважно е што со постигнатиот договор нема да се активира штрајкот што беше најавен за 11 ноември.

Тој истакна дека со постигнатиот договор не е затворено прашањето, туку тоа е почеток за отворање на нови прашања за други проблеми на вработените и членовите на Синдикатот, како што е регресот за годишен одмор, трошоците за превоз до работното место, реалното вреднување на наставници во комбинирани паралелки, за дополнителни часови во наставата итн.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе