Актерката Моника Белучи стана русокоса за снимањето на француската серија „Dix pour cent“ (Call My Agent).
Фотографиите со новиот изглед на секс симболот беа објавени на Instagram со коментар „100% убава“.
Обожавателите на актерката се одушевени од промената, а многумина коментираа дека новата фризура потсетува на изгледот од легендарниот филм „Malena“ од 2000 година во кој Белучи црната коса ја скрати и ја исфарба црвено, а потоа стана русокоса.
Дали ви се допаѓа промената на имиџот на Белучи?