Морничав момент: Напад на ајкула пред стотина капачи
Луѓето кои се наоѓале на плажа во Орлинс, САД биле сведоци на еден необичен момент кога ајкула нападнала фока пред нивните очи.
Површината на водата веднаш станала црвена, а испаничените капачи помислиле дека некој човек е нападнат од ајкула. Некои од нив веднаш потрчале на брегот и буквално биле сведоци на нападот. За среќа, во овој инцидент нема повредени луѓе.