Москва прослави 75-годишнина од легендарната парада во Втората светска војна
Неколку илјадници руски војници маршираа низ Црвениот плоштад во чест на историската воена парада од 1941 година.
На денешната парада учествуваа повеќе од 5.000 луѓе, повеќето облечени во униформи од Втората светска војна. На 7 ноември 1941 година трупите на Советската армија маршираа низ центарот на Москва пред да одат да се борат против фашистите.