Актуелниот шампион Марк Маркес ги зголеми шансите за одбрана на титулата откако денеска победи на трката во Сан Марино.
Шпанецот на патеката Мизано заврши пред ривалите од Јамаха, Французинот Фабио Куартараро и Шпанецот Маверик Вињалес. На второпласираниот Куартараро првото место му побегна за само 903 стотинки.
Валентино Роси заврши четврти, петти беше Франко Морбидели, а потоа следуваа Андреа Довициозо, Пол Еспаргаро, Жоан Мир, Џек Милнер, Данило Петруци итн...
Во генералниот пласман Маркес сега има 275 поени, втор и натаму е Довициозо со 182, а трет е Петручи со 151.
Наредната трка е веќе наредната недела во Арагон, Шпанија.