Синоќа на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, мотоцикл Ducati, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н.Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.