Motorola ги најави моделите Moto G6 и E5

Motorola ги претстави новите модели од сериите G и E, кои ќе бидат со достапни цени од 100 до 300 долари. Иако ова не се телефони со кои Motorola ќе им конкурира на Samsung и Apple, сепак овие модели се многу важни за компанијата.

Moto G и понатаму останува најпродаваниот модел на Motorola и најпродаван во неговата парична класа, додека Moto E се продава за нешто пониска цена и ужива скоро иста популарност.

Во Moto G линијата ќе бидат понудени три нови модели: Moto G6, G6 Play и G6 Plus. Стандардниот G6 доаѓа со подобрени спецификации во однос на неговиот претходник и ќе има 5,7-инчен дисплеј кој ќе емитува слика во 1080p. Уредот ќе поседува Snapdragon 450 процесор и опции од 3 GB RAM и 32 GB внатрешна меморија, како и верзија со 4 GB RAM и 64 GB внатрешна меморија.

Телефонот изгледа многу префинето и има сензор за отпечаток на прст кој се наоѓа на предниот дел од телефонот. Кај G6 исто така може да се најдат и две камери на задниот дел, кои иако се далеку од оние на flagship телефоните, сепак имаат сосем солидна резолуција и леќа.

G6 Play доаѓа со нешто послаби спецификации, иако воглавно се работи за истиот телефон. Тој има една камера од 12 мегапиксели и батерија од 4.000 mAh. За споредба, Samsung Galaxy S9 има батерија со 3.000 mAh.

Што се однесува до серијата E, Motorola ги презентираше моделите E5 Play и E5 Plus. Е5 Play има 6-инчен екран со резолуција нешто повисока од 720p, Snapdragon 435 процесор, 3 GB RAM и 32 GB внатрешна меморија. Поседува и една 12-мегапикселна камера и има полимерно стакло на задниот дел. Моделот E Play не е нешто што ќе ве остави без зборови. Пластичната маска и малиот екран од 5,2 инчи само покажува дека се работи за ултра евтин смартфон, а и неговата батерија од 2.800 mAh не претставува нешто посебно.

Сите овие модели ќе бидат пуштени во продажба кон крајот на мај или почетокот на јуни оваа година. Цената на стандардниот G6 ќе биде 249 долари, додека G6 Play ќе се продава за 199 долари. Засега не се познати цените на моделите E5 Plus и E5 Play, но се очекува да бидат над 100 долари, но не поскапи од 249 долари.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе