Motorola претстави нов смартфон кој изгледа како копија на iPhone

„Имитацијата е најдобра форма на ласкање“, рече еднаш Крис Кејлеб Колтон, а Motorola веројатно се сложува со оваа изјава, бидејќи новиот смартфон на оваа компанија изгледа скоро идентично како iPhone XS.

Новиот уред на компанијата Motorola доаѓа од линијата на производи Motorola One, а неговото име е One Vision.

Смартфонот доби 6,3-инчен LCD екран со формат 21:9, кој е совршен за гледање филмови – тренд на кој во последно време се приклучија неколку поголеми производители. Овој екран Motorola го нарече CinemaVision.

Тоа не е најостриот панел на светот, со резолуција од „само“ 2.520х1.080 пиксели, посебно кога ќе се земе предвид големината на уредот. Но, и без тоа, овој уред е достоен за да се нарече флегшип модел. Во горниот лев агол се наоѓа мала, кружна дупка во која е сместена селфи камерата.

На задната страна се наоѓа камера од 48MP, но по фотографирањето ќе добиете фотографија од 12MP поради методата QuadPixel за комбинирање на четири пиксели во еден, поголем 1,6µm пиксел. Ова резултира во четирипати поголема осветленост и поостра фотографија. Другата задна камера се користи само за длабочина.

Предниот дел крие селфи камера од 25MP која ќе прави фотографии во максимална резолуција само во идеално осветлени услови, додека во полоши услови резолуцијата ќе биде намалена за експозицијата да биде ставена како приоритет.

Ова е сепак уред со средни спецификации, што всушност и го покажуваат процесорот Samsung Exynos 9609, 4GB RAM и 128GB внатрешна меморија, која може да се прошири преку microSD мемориска картичка. Уредот го напојува батерија со капацитет од 3.500 mAh.

Motorola One користи оперативен систем Android One, а на европскиот пазар ќе се појави во наредните месеци.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Мобилни

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more

Motorola ги откри спецификациите на смартфонот Moto G64 5G

Read more
 

Гик

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе
  • play_arrow

Со IQ 228 се смета за најпаметна во светот, а ретко кој слушнал за неа

Читај повеќе

Instagram воведува голема промена

Читај повеќе

Apple испрати важно предупредување до корисниците

Читај повеќе

Кинескиот ракетен мотор тежок 130 тони собори рекорди за време на тестирањето

Читај повеќе
  • play_arrow

НАСА: Упс!

Читај повеќе

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Читај повеќе

Како да ја промените вашата Gmail адреса без да креирате нова сметка?

Читај повеќе