Може да пиете и до 25 шолји кафе дневно

За милиони луѓе ширум светот е незамисливо да го почнат и издржат денот без кафе, а за оние кои сакаат да пијат и по неколку кафиња во денот, научниците имаат добра вест.

Резултатите од едно најново истражување покажаа дека дневно може да испиете и до 25 шолји кафе без страв дека ќе го загрозите срцевото здравје.

Претходни истражувања сугерираа дека кафето го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар, па научниците предупредуваа да внимавате колку кафе пиете во текот на денот.

Меѓутоа, најновото истражување спроведено во Велика Британија на повеќе од 8.000 испитаници покажа дека слободно може да испиете и до 25 шолји кафе дневно.

Истражувањето беше делумно финансирано од Здружението за срцево здравје во Велика Британија (BHF), а резултатите беа претставени на конференцијата на Британското здружение на кардиолози.

Истражувачите од Универзитетот Квин Мери во Лондон поделиле 8.402 испитаници во три групи. Во првата група имало луѓе кои пијат помалку од една шолја кафе дневно, во втората луѓе кои пијат една до три шолји кафе днавно и во третата луѓе кои пијат повеќе од три шолји кафе дневно.

Испитаниците во третата група во просек пиеле по пет шолји кафе дневно.

Резултатите од истражувањето покажаа дека и оние кои пиеле и до 25 шолји кафе дневно немале поголем ризик од запушување на артериите во споредба со оние кои пиеле помалку од едно кафе во денот.

„Без оглед на огромната популарност на кафето ширум светот, има многу истражувања што може да ги разубедат луѓето да не пијат кафе и да не уживаат во него. Иако со нашето истражување не можеме да ја докажеме причинско-последичната поврзаност, анализите сепак покажуваат дека кафето не е така лошо за артериите како што се сугерираше претходно“, вели Кенет Фунг од Универзитетот Квин Мери во Лондон.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Здравје

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more

Најдобрите здравствени придобивки од пиењето кафе без кофеин

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе