Можно е да се снима продолжение на „Bohemian Rhapsody“

Светот одново се заљуби во Фреди Меркјури и „Квин“ со биографскиот филм „Bohemian Rhapsody“ што излезе лани, со Рами Малек во главната улога.

Малек, кој го играше ликот на екцентричниот, легендарен музичар и фронтмен на британскиот бенд, Фреди Меркјури, ги освои срцата на публиката и на критичарите и му донесе низа награди на филмот, меѓу кои и Оскар за неговата улога.

По вртоглавиот успех на филмот, веќе се зборува дека ќе се снима продолжение на приказната. Во интервју за Page Six, Руди Долезал, режисерот на повеќето видеоспотови на „Квин“, рече дека менаџерот на бендот Џим Бич е заинтересиран за продолжение на филмот.

„Сигурен сум дека планира продолжение во кое дејството ќе почне по настапот на хуманитарниот концерт Live Aid“, рече Долезал, додавајќи дека веќе на големо се дискутира за втор филм во семејството „Квин“.

Оваа информација е добар знак, со оглед на тоа дека Бич е продуцентот кој му вдахна живот на „Bohemian Rhapsody“. Филмот заработи 870 милиони долари на киноблагајните ширум светот, освои четири Оскари во февруари и ја оживеа популарноста на бендот воопшто.

Брајан Меј, легендарниот гитарист на „Квин“, претходно се изјасни дека постои веројатност за продолжување на приказната. Во интервју што го даде минатиот ноември за оригиналниот филм, тој рече: „Сметам дека Live Aid е добро место за да застане тука дејството на филмот. Којзнае, можеби ќе има продолжение.“

Додека обожавателите со нетрпение очекуваат потврда дека ќе има продолжение на филмот, Долезал во интервјуто за Page Six исто така откри дека пишува книга насловена „My Friend, Freddie“ и дека планира да ги објави неговите лични интервјуа со Меркјури во филм насловен „Freddie Mercury: In His Own Words.“

Дали вие го гледавте „Bohemian Rhapsody“? Дали би сакале филмот да има продолжение?

реклама

Филм & ТВ

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе