Стил

Мрачниот и секси тренд кој ќе доминира оваа пролет

17. февруари 2017 - 13:25 | Кајгана

Сјајниот материјал од 1980-тите полека, но сигурно се враќа во колекциите на славните дизајнерски имиња, а се чини дека оваа пролет ќе се најде и во нашите плакари.

Париз, Лондон, Милано и Њујорк го кажаа своето. Еден од најголемите трендови на модните писти во спомнатите градови, за време на претставувањето на колекциите за оваа пролет, беше винилот.

Сјајниот материјал од 1980-тите полека, но сигурно се враќа во колекциите на славните дизајнерски имиња, а се чини дека оваа пролет ќе се најде и во нашите плакари.

Овој материјал истовремено е мрачен и секси, а дизајнерите го гледаат на разни парчиња облека - капути, здолништа, мини сукњи, чизми…

Модните стручњаци сметаат дека со него ќе бидете забележани, како што во 1980-тите беа поп иконите Мадона и Блонди, кои често го носеа винилот во своите необични модни комбинации.

Денес, винилот го сакаат сестрите Џиџи и Бела Хадид, Ријана, Бијонсе. Дали ќе го сакате и вие? Кажете ни во коментарите подоле.

Коментирај