Долгоочекуваниот DeadPool 2 во Cineplexx на 17 мај

Мрчаторот на Марвел уште позлобен

Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелните ефекти на филмот „Deadpool 2„, чија премиера ќе биде на 17 мај во Cineplexx Скопје.

Од режисерот Дејвид Лич според сценарио на Рет Рис, Пол Верник и ѕвездата на филмот лично, Рајан Рејнолдс, ни доаѓа единаесеттиот дел во серијата X-Men и продолжение на „Deadpool“ филмот од 2016.

Во улогата на омилениот Марвелов антихерој, мрчаторот без влакна на јазикот, Рајан Рејнолдс се враќа со интересна екипа како Џош Бролин, Морена Бакарин, Џулијан Денисон и многу други со кои Дедпул ја креира X-Force екипата за да спаси млад мутант од негативецот Cable.

А содржината, на некој начин е: откако преживува скоро смртоносен напад, еден повреден работник во кафуле, се труди да го остави својот сон и да стане најзгодниот шанкер во Мејбери, а истовремено мора да научи да живее без сетилото за вкус.

Обидувајќи се да си го среди животот, во потрага по флукс кондензаторот, тој мора да се бори против нинџите, јакуза и чопор од сексуално агресивни кучиња, патувајќи по светот и откривајќи ја важноста на семејството, пријателите и вкусот. Тоа што ќе го најде е трошка авантура и нешто за што копнеел, чаша за кафе со натпис „Најдобриот љубовник на светот“.

Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелните ефекти на филмот „Deadpool 2“  и за проектот велат дека работеле на него од декември минатата година до април.

„ На овој проект учествуваа над 70 артисти,  и специфичниот анти-херој хумор на Дедпул е она што е атрактивно на фановите, затоа во кино ќе одиме да се изнасмееме и за тоа сум сигурен дека нема да бидеме разочарани“, изјави Кристијан Даниловски, ко-основач на ФХ3Х.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Филм & ТВ

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе