МТСП: Градиме општество со еднакви права за сите

Скопје, 17 мај 2019 (МИА) – Градиме општество со еднакви права за сите и овозможуваме еднаква заштита и достоинствен живот за сите граѓани и граѓанки на Република Северна Македонија, соопштија од Министерството за труд и социјална политика, по повод изгласувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Посочија дека Законот е изгласан во пресрет на Меѓународниот ден против хомофобијата, потенцирајќи дека ќе стапи на сила веднаш по потпишувањето од страна на претседателот на државата.

„Законот за спречување и заштита од дискриминација е т.н. lex generalis, односно не ја уредува детално секоја област на која се однесува. Во новиот Закон се вклучени општи одредби, кои подетално се уредуваат во посебни закони. Законот за спречување и заштита од дискриминација, со вклучувањето на основите на сексуална ориентација и родов идентитет,  ја проширува заштитата од дискриминација кон оваа група  граѓани. Ова законско решение овозможува превенција и еднаков пристап до механизмите за заштита од дискриминација за сите граѓани. Основа за донесување на овој закон е токму Уставот на Република Северна Македонија, во кој се утврдени основните слободи и правата на човекот и граѓанинот“, соопштија од МТСП.

Наведоа дека Законот за спречување и заштита од дискриминација има добиено позитивни мислења од Венецијанска комисија, од Обеднитетите нации, од Европската Унија и од ОБСЕ-ОДИХР.

„Од Венецијанска комисија, од ОН, од ЕУ и од ОБСЕ-ОДИХР истакнуваат дека Република Северна Македонија, со ова ново законско решение, прави значаен чекор во борбата против сите форми на дискриминација, почитувајќи го и вклучувајќи го  законодавството на ЕУ и меѓунардоните стандарди за човекови права“, соопштија од Министерството.

На иницијатива и со поддршка на Министерството за труд и социјална политика Буџетот на Комисијата за заштита од дискриминација за 2019 година е зголемен од 6.652 милиони денари на 15.138 милиони денари.

„Буџетот е зголемен со цел спроведување на новите надлежности на Комисијата предвидени со новиот закон. Согласно со новиот Закон за спречување и заштита о дискриминација, во рок од три месеци по неговото влегување во сила Собранието треба да направи избор на новата Комисија за заштита од дискриминација. Истовремено со новиот закон се предвидува формирање и на стручна служба“, информираа од МТСП.

реклама

Македонија

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more
 

Вести

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе