Мугабе полни 93 години и е најстариот претседател во светот

Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе денеска полни 93 години и е најстариот активен шеф на една држава, пренесуваат светските агенции.

Мугабе пред роденденот рекол дека нема намера да се повлече од власт поради тоа што смета дека моментално нема ниеден „прифатлив“ наследник. Пред неколку месеци тој најави дека ќе се кандидира на наредните избори планирани за 2018 година.

Претседателот на Зимбабве, роден на 21 февруари 1924, беше претседател на владата од 1980 до 1987 година, а од 1987 па досега е шеф на државата.

Контроверзниот Мугабе, националниот херој на ослободувањето на Зимбабве од колонијалното владеење, често е обвинуван за насилно гушење на опозицијата и уништување на земјата.

Познат е и по навредите упатени кон Западот, своите противници и новинарите. Мугабе поради начинот на владеењето и одговорноста за состојбата во Зимбабве каде владее со „цврста рака“, од 2002 година е изложен на европски и американски санкции.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more
 

Вести

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе