Мундијалот на Русија ѝ донесе 12,5 милијарди евра

Москва, 18 октомври 2018 (МИА) - Светското фудбалско првенство, што летоска се одржа во Русија, за тамошната економија во периодот 2013-2018 значеше приход од 952 милијарди рубљи, или околу 12,5 милијарди евра, објави Организациониот комитет на Мундијалот.

Во „Студијата за економски, социјални и еколошки влијанија на Светското првенство во Русија“ се потенцира дека позитивниот ефект се манифестира меѓу другото во зголемената туристичка потрошувачка, инвестициите во инфраструктурата и други фактори.

Вкупно во Русија, според податоците на Организацискиот одбор, за подготовката и одржувањето на Светското првенство во фудбал, што се одржа од 14 јуни до 15 јули на 12 стадиони во 11 градови, потрошени се 688 милијарди рубљи, малку повеќе од девет милијарди долари.

Вкупното влијание на Мундијалот се проценува на 952 милијарди рубљи, што е 1,1 отсто од годишниот БДП на земјата, се вели во студијата.

Благодарение на зголемените средства од туризмот во Русија, според податоците, значително биле зголемени приходите од продажба кај малите и средни претпријатија и во период од пет години тие изнесуваат 797 милијарди рубљи.

Врз основа на пресметка на Организацискиот комитет, ефектот на СП во туризмот во следните години ќе биде позитивен и во државниот буџет ќе се слеат меѓу 40 и 70 милијарди рубљи.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Фудбал

Тиквеш против Воска Спорт во Куп финалето

Read more

По 12 години Портсмут се врати во Чемпионшип: Не ни треба Мурињо, си го имаме Мусињо

Read more

Луис Енрике му врати на Чави: ПСЖ ќе победеше и без црвениот на Араухо

Read more

Кој македонски фудбалер е меѓу најдобрите во Европа за 2024 година?

Read more
 

Спорт

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Читај повеќе

Надал елиминиран од Де Минор

Читај повеќе
  • play_arrow

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и да меча суспензија

Читај повеќе

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Тиквеш против Воска Спорт во Куп финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

По 12 години Портсмут се врати во Чемпионшип: Не ни треба Мурињо, си го имаме Мусињо

Читај повеќе

Луис Енрике му врати на Чави: ПСЖ ќе победеше и без црвениот на Араухо

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој македонски фудбалер е меѓу најдобрите во Европа за 2024 година?

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн си обезбеди пресметка со Јокиќ

Читај повеќе