Фудбал

Мурињо во 2015 година: Никогаш во животот не би го водел Тотенхем

20. ноември 2019 - 15:56 | Б.С.Б.

Веста дека Жозе Мурињо е новиот менаџер на Тотенхем утринава е главна вест во светот на спортот.

Мурињо потпиша договор до летото 2023 година, а навивачите на Челзи се многу лути со оглед на тоа што Мурињо го погази сопствениот збор даден во март, 2015 година изговорен пред финалето на Лигата на купот против Тотенхем.

Тогаш рече дека претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, го повикал да седне на клупата во 2007 година, но одбил бидејќи го сака лутиот ривал Челзи.

„Ја одбив нивната понуда. Никогаш во животот не би го водел Тотенхем бидејќи премногу го сакам Челзи“, изјави тогаш Мурињо.

Но, како што вели старата поговорка, никогаш не вели никогаш, па очигледно оваа љубов на Мурињо била лажна.

Коментирај