Рецепти

Мусака со модар патлиџан и сирење

22. септември 2019 - 14:26 | М.С.

Недела е денот кога семејството се собира за ручек. Доколку сакате да ги изненадите домашните со лесен и вкусен ручек, пробајте го овој рецепт.

Состојки:

Шест модри патлиџани

200 гр. фета сирење

Два домати

Една конзерва сецкани домати

Три чешниња лук

Сол

Бибер

Пармезан

Маслиново масло

Оригано

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Исецкајте го доматот на дебели парчиња кругови и наредете ги во тава. Полијте со малсиново масло и печете 30 минути.

Во тавче загрејте маслиново масло, пропржете лук, свежиот домат на коцки и од доматот од конзерва. Зачинете со оригано, сол, бибер.

На дно од тавчето сипете малку сос од домати, наредете модар патлиџан, фета сирење, па сосот. Редете на тој начин додека имате од состојките. Одозгора нарендајте пармезан и печете околу 30 минути.

Коментирај