
На 52-то доделување на Греми наградите кое се одржа синоќа во Стејплс центарот во Лос Анџелес, Бијонсе се закити со дури шест "грамофони", што е рекорд за еден женски изведувач. Кантри поп-ѕвездата Тејлор Свифт доби четири Греми награди, меѓу кои и за најпрестижниот албум на годината.
Бијонсе освои шест Греми награди, меѓу кои за најдобра женска поп вокална изведба за "Halo" и за песната на годината "Single Ladies". Примајќи ја наградата за најдобра женска поп изведба, Бијонсе им се заблагодари на семејството, вклучувајќи го и сопругот Џеј Зи.
Тејлор Свифт беше прилично возбудена откако нејзиниот хит-албум "Fearless" беше прогласен за албум на годината:

"О Боже, моето семејство ќе полуди, татко ми и помладиот брат нема да бидат при себе во нашата дневна соба. Ова е за татко ми и за сите моменти кога ми збореше дека можам да направам се што ќе посакам", изјави Свифт губејќи го здивот од возбуда.
Лејди Гага која го отвори доделувањето на наградите со нејзиниот настап доби Греми за синглот "Poker Face" како најдобра денс-снимка и за ЦД-то "The Frame" како најдобро во категоријата електронска и денс музика.
Грин Деј беа наградени со Греми за најдобар рок албум, а наградата за дебитант отиде кај Зек Браун Бенд.
Двете најстари деца на Мајјкл Џексон се качија на бината за да ја примат наградата за животно дело, која му беше доделена на нивниот прерано починат татко.
"Горди сме што сме тука на врачувањето на наградата во името на нашиот татко", изјави 12-годишниот Принс Мајкл.
Д.Л. | Кајгана