
Беше само прашање на време кога ќе биде формиран нов Band Aid за помош на жртвите од потресот на Хаити. Џеј Зи и Ирците U2 напишаа песна за унесреќените Хаиќани, а во петок заедно со Ријана и Еџ ќе се најдат во Лондон каде ќе ја изведат заеднички во рамките на „телефонскиот маратон“ кој го организира музичката телевизија ЕмТиВи.
„Боно доби повик од продуцентот Свиз, кој заедно со Џеј Зи планираше да направи нешто за Хаити. Боно преку телефон ја смисли фразата, синоќа се најдовме, ја напишавме песната, ја снимивме и им ја пративме нив“, изјави гитаристот на бендот Еџ.
Ова не е прва соработна на Ирците со раперот. Заедно настапуваа на неколку концерти минатата година, а на доделувањето на MTV Europe Music Awards 2009 заеднички го изведоа и хитот на U2 „Sunday, Bloody Sunday“, импрегниран со неколку рап лирики на Џеј Зи.