Пејачот на австралиската банда ЕјСи/ДиСи Брајан Џонсон им порача на музичарите кои се бават со хуманитарни акции да престанат со проповедите кон публиката дека би требало сите да даваат пари во добротворни цели.

Во интервју за австралискиот Дејли Телеграф Џонсон изјави дека луѓето не сакаат богатите и славни личности како Боб Гелдоф и Боно Вокс да им зборуваат дека треба да мислат на гладните деца.
„Јас не им зборувам на сите дека би требало да донираат пари - тие тоа не можат да си го дозволат. Додека работев и одев по концерти не сакав некој гад високо на сцената да ми зборува дека треба да мислам на некое дете во Африка“, изјави Џонсон.
Тој додаде дека ЕјСи/ДиСи свират хуманитарни концерти и дека членовите на групата даваат пари за хуманитарни цели, но не сакаат од тоа да прават реклама.
Б.И. | Кајгана