Кит Ричардс е познат по својот неверојатен капацитет за конзумриање дрога и алкохол, а иако секогаш тврдел дека никогаш нема да престане со пиење (бидејќи опивањето, како што вели, никогаш не влијаело на неговото здравје) наводно - веќе четири месеци е чист.

Извор близок до 66-годишниот Ролинг Стоун вели дека никој не може да гарантира дека Кит ќе остане трезен, но дека моментално работите изгледаат многу оптимистички.
Наводно Кит Ричардс престанал да празни шишиња откако видел како неговиот колега Рони Вудс си го искомплицирал животот по враќањето кон алкохолот - Вудс се разведе, а потоа имаше пар несреќни врски со млади Русинки.
Еј, ако алкохолот придонесува за врска со млади Русинки, да претрчаме до продавница додека е време :)
Eве ви го Кит, во едно кратко интервју. Делува трезно...веројатно...