Вака ќе биде до наредната недела, кога веројатно ќе бидне погребот. Океј, можеби уште некоја недела после тоа. Па ќе има нова актуелна сензација со која ќе се занимаваме. Дотогаш, читајте за: Мајкл се појави на небото во САД, Дајана Рос е заменик старател на неговите деца, Агенцијата за сузбивање наркотици се вклучи во истрагата по повод неговата смрт.

Во својот тестамент Џеко како старател над своите три деца ја означил својата мајка Кетрин, а доколку таа биде спречена (на пример, од смрт) старателството се пренесува на познатата пејачка Дајана Рос, негова блиска пријателка. Во тестаментот како наследници на неговиот имот, неготовински средства, музички права и слично (проценети на 500 милиони долари) се наведени трите деца, одредени хуманитарни организации и повторно Кетрин Џексон, додека неговиот татко и поранешна жена ќе останат со кратки ракави.
Иако се најавуваше погреб во Neverland, фамилијата се одлучи да биде погребан на интимна церемонија во Лос Анџелес. Агенцијата за сузбивање на наркотиците се вклучи во истрагата за неговата смрт и ќе истражува какви лекови пиел Џексон, дали придонеле кон она што се случи и кој му ги препишал т.е. набавил.
Конечно, додека на небото над САД во очи на Денот на независноста (4-ти јули) се појавија облаци кои неодоливо потсеќаа на една сцена од филмот „Independence day“ кога се прикажува доаѓањето на вонземјаните- неколку фанови во облаците го „препознаа“ ликот на Мајкл Џексон, што воопшто не би требало да не зачудува. Бујрум и видео. Доста е за денес.