Неколку денови по објавувањето на фотографиите од последната проба на Мајкл Џексон за турнејата која нема никогаш да се одржи, од промотерската куќа AEG Live ја пуштија и снимката од настапот, знаејќи колку на фановите тоа би им значело.

Погледнете го видеото и сами заклучете дали Џеко изгледа како „костур“ како што беше опишан после извршената обдукција, или како само малку подостарен уникатен изведувач, каков што отсекогаш бил и каков во моментов навистина нема.
Два дена пред смртта, ова е Мајкл Џексон: