Ова го потврди службениот записник за аутопсијата на Мајкл во кој јасно е наведена причината за смртта: кралот на попот умрел од преголема доза Пропофол, лек против болки кој му бил вбризган во вена.

Документот кој го објави британскиот News of the World воедно го откри и главниот осомничен - станува збор за докторот на Мајкл, 56-годишниот Конрад Муреј, кој веќе се подготвува за судење. Муреј веќе го ангажирал холивудскиот адвокат Мајкл Фланеган, кој претходно успеа да ја ослободи од обвинение една медицинска сестра која беше обвинета за убиство предизвикано од погрешно давање на Пропофол.
Муреј веќе и признал на полицијата дека на Мајкл Џексон му вбризгал Пропофол и некои други лекови неколку часа пред смртта.
"И веруваме на полицијата и сакаме добро да го подготвиме случајот за да го обвиниме човекот кој е одговорен за смртта на Мајкл", изјави извор близок на семејството Џексон, тврди британскиот таблоид.
Истиот извор тврди и дека семејството на Мајкл смета дека за неговата смрт не е одговорен само докторот, туку повеќе луѓе.