Знаеме дека заработуваат огромни суми пари со своите песни, скандали и маркетинг стратегии. Но, колку точно им плаќаме за да не' забавуваат и кои меѓу нив “тежат“ најмногу, дознајте од листата на топ 10 најплатени музичари на изминатата деценија.

Пејачката Селин Дион со својата заработка од 747,9 милиони долари го држи првото место меѓу највисоко платените музичари во последните десет години. Голем дел од нејзината заработувачка се должи на петгодишниот ангажман во хотелите Цезар Палас во Лас Вегас. Луѓето беа спремни “солено“ да платат за да го слушнат извонредниот глас на Селин Дион во живо.
На второто место се наоѓа кантри музичарот Кени Чесни (Kenny Chesney) за кој можеби се прашувате „Кој е па сега овој?“. Сепак, во САД, Кени е далеку од анонимен за што сведочи и неговата заработка од 742 милиони долари. Пет милиончиња помала заработка има Дејв Метјус Бенд, кој ја “освои бронзата“ со заработени 737,4 милиони долари.

Легендарните Битлси со заработка од 627,3 милиони долари се на четвртото место, а по нив следат U2 со 609,7 милиони и Тоби Кит со 591,1 милион долари. Рокерот Брус Спрингстин со своите 588,3 милиони и Ролинг Стоунс со 569, 6 милиони се на седмото и осмото место, а претпоследни се The McGraw со 550,7 милиони долари.
“Најсиромашниот“ музичар на листава е поп-принцезата Бритни Спирс, која во минатата деценија заработила “само“ 494,3 милиони долари.
Сепак, треба да се има во предвид дека оваа листа не ја претставува целосната заработка, затоа што овие музичари, освен од продажба на албуми и карти за концерти, заработуваат и од гостувања во ТВ емисии, рингтонови и многу други начини кои постојано им додаваат доларчиња на банкарските сметки.