Дали кралот на попот постхумно има уште еден хит? Според видеото објавено на неговиот фан клуб сајт, одговорот е да.

Песната се вика “Another Day“ и се верува дека е дует на Мајкл Џексон и Лени Кравиц. Како потврда на ова се посочува писмото кое Лени му го пратил на свој пријател во времето кога е снимана песната.
„Во моментов работам со Мајкл на песна која сеуште не е објавена и ова е дефинитвно најубавото време кое го имам поминато во студио. Мајкл е многу духовит и цело време се смеевме“, вели Кравиц во писмото.
Но, затоа што никаде не е официјално потврдено дека навистина е во прашање соработка на Мајкл и Лени, снимките се пратени на вештачење.
Па, додека го чекаме официјалниот одговор, пресудете сами...