Питер Биф Бујорд, фронтменот на хеви метал групата Саксон и магазинот Метал Хамер започнуваат кампања за признавање на хеви металот како вера.

На последниот попис на жителите во Велика Британија, дури 400.000 луѓе во графата за вера го ставија определувањето „Џедај“. Секако, ова следеше после претходна интернет кампања, но со овие резултати, „џедаизмот“ кај Британците се искачи на четвртото место по ред меѓу религиските определувања после христијанството, исламот и хиндуизмот.
Иницијаторите на идејата за хеви метал религиското восприемање се поведени токму од овој пример со џедаизмот, и сакаат до 2011. т.е. до наредниот попис на населението да ги „преобратат“ Британците.
Меѓутоа, доколку се земе во предвид милионската армија на фанови на хеви металот ширум светот, тој навистина и би можел да собере доста „верници“.
Александер Милас, уредник на магазинот Метал Хамер јасно ја образложи идејата со следнава изјава: „Откако Блек Сабат пред 40 години го објавија првиот албум, хеви металот стана исклучително значајна културна институција во Обединетото Кралство и светски феномен. Ако можеа да пројдат џедаите, зошто да не можат и металците? Постои јака сила и во нас“.
Епа ајде, „Во името на рифот, солажата и црната боја, Ози!“ Прва мисија: џихад против хипиците и раперите :)