Скопјанец пријавил во МВР дека е исчезната неговата петгодишна ќерка.
Полицијата информира дека Д.К. пријавил дека на 21 март, околу 23.00 часот од домот во непознат правец се оддалечила неговата петгодишна ќерка.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на малолетното девојче.