МЗТ убедливо поразен од Гран Канарија

Кошаркарите на МЗТ сè уште се без победа во Еврокупот. Четвртиот пораз МЗТ го забележа од Гран Канарија 75-98 (17-24, 16-27, 22-18, 20-29). Натпреварот со Гран Канарија МЗТ го искористи за да се потсети на најголемата победа во пет децениската историја, кога на 6 ноември 1996 година во Скопје беше совладан Реал.

Гран Канарија сезоната ја започна со освојувањето на шпанскиот Суперкуп, со што најави дека има големи амбиции во тековната сезона, ја оправда фаворитската улога во „Јане Сандански“, против петкратниот македонски шампион МЗТ.

МЗТ одигра онолку колку што му дозволи шпанскиот состав, во моментите кога МЗТ ќе ја воспоставеше својата игра играчите на Гран Канарија ќе го подигнеа нивото на својата игра не оставајќи му на противникот ниту трошка надеж дека ќе може да направи изненадување.

Шпанците во финишот на првата четвртина прв пат стигнаа до двоцифрена предност (12-22), но МЗТ со серија 13-4 во 12 минута се доближи на поен негатива (25-26).

Тогаш Гран Канарија одговори на предизвикот со 18 поени (Куртиќ во таа серија постигна осум), прими само два и во 17 минута резултатот беше 27-44.

Второто полувреме наликуваше на контролен меч, иако МЗТ во 28.минута дојде до десет поени негатива (53-63).

До крајот на мечот дилемата беше само со колкава разлика ќе биде изразен триумфот на Гран Канарија.

МЗТ на овој меч го предводеше Џош Скот со 22 поени (9/11 за два), 12 скокови и две блокади. Одличен меч одигра Мекиќ кој реализира 11 кошеви (3/5 за три). Двоцифрени кај домаќинот беа уште Тејмс со 15 и Синовец со 11 поени.

Во тимот на Гран Канарија најефикасен беше Куртиќ со 19 поени, додека Американците со македонски пасош Мекејлеб и Хендрикс имаа скоромен учинок. Мекејлеб шест поени (3/9 за два), пет скока и седум асистенции, а Хендрикс постигна три поени на кои надогради по еден скок и асистенција. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Кошарка

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Read more

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Read more

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Read more

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и 2 меча суспензија

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе