На Филипините немаат милост за запленетите автомобили
Филипинската влада продолжи со уништување на запленети скапи автомобили како дел од акцијата за борбата со криминалот. Последна жртва е Ferrari 360 Spider.
Автомобилот е прегазен со булдожер и целосно уништен како предупредување за криумчарите. Тој беше запленет бидејќи е заведен како „авто делови“ во текот на увозот. Вредноста се проценува на околу 130.000 евра. Претходно на ист начин страдаше Porsche 911 GT3.