На која возраст жените почнуваат да се претвораат во нивните мајки?

Неизбежно е, на одредена возраст и мажите и жените почнуваат да се претвораат во нивните родители. Интересно е што и кај двата пола сè започнува со мајчинството кај жените и татковството кај мажите.

Кај жените, физичките знаци на стареење се еден од најчестите показатели на тие промени. Повеќе од половина испитанички потврдиле дека со навршени 30 години престанале да се однесуваат бунтовнички кон своите мајки и почнале да се однесуваат како нив. Но, првата промена се случува на возраст од 33 години. Барем така покажува неодамнешното истражување.

Како класични показатели дека се однесуваат како нивните мајки испитаничките навеле дека гледаат исти ТВ емисии како нив, почнале да се занимаваат со нивни хоби активности и да користат исти изрази.

Сличен образец е забележан и кај мажите. Покрај татковството, доказ дека се претвораат во нивните татковци се и знаците на средни години како дебелеење, опаѓање на косата, гасење светлост во простории во кои нема никој и слично.

„Во некој момент од нашите животи сите се претвораме во своите родители, тоа е нешто на што треба да се радуваме бидејќи тие се најпрекрасните луѓе во светот“, вели пластичниот хирург Џулијан Де Силва, по чија заложба е направено истражувањето во кое учествувале 2.000 испитаници.

„Почнуваме да се чувствуваме како нашите родители тогаш кога почнуваме да наликуваме на нив, а овој неизбежен дел од стареењето е процес кој многу луѓе сакаат да го одложат што е можно повеќе“, вели тој за Daily Mail.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе