Иако воената парада во Москва е можност Русија да се пофали со својата војска, оваа година само еден тенк помина низ Црвениот плоштад. За работите да бидат уште поинтересни, тоа беше тенк Т-34, произведен пред 90 години – уште пред да се роди Путин.
Да потсетиме, на воената парада и минатата година учествуваше еден тенк, истиот Т-34. Многумина го исмеваат Путин поради ова.
„Овој Т-34, легендарниот советски тенк од Втората светска војна, беше единствениот руски тенк изложен на парадата на Денот на победата денес на Црвениот плоштад“, напиша Макс Седон, шеф на московското биро за The Financial Times. „Сите останати мора да се некаде зафатени!“
Про-украински корисник на Х напиша: „Па, барем вози“.
Друг корисник додаде: „Ништо не говори 'втора армија на светот' како осамениот тенк на победничката парада втора година по ред“.