ДРЖАВЕН ШАМПИОНАТ НА МАКЕДОНИЈА ВО АВТОМОБИЛИЗАМ 2019

На Пониква се одржа ридско-брзинска трка од Државниот шампионат во автомобилизам

Кочани, 15 септември 2019 (МИА) – На патеката долга 6,4 километри кон планинскиот туристички центар Пониква денеска се возеше ридско-брзинската трка „Кочани 2019“, во рамки на Државниот шампионат во автомобилизам.

На натпреварот, чиј организатор беше АКК Custom car RT од Скопје, во сите четири класи учествуваа 25 возачи од Македонија и гости од Бугарија, а трката ја завршија 18 возила.

Во најниската класа А-1150, во која имаше и најголема конкуренција, најбрз беше Георгиј Наков од АКК ПСС РТ од Скопје, пред Александар Георгиевски од АКК Стефановски РТ и Александар Стојанов од АКК Пулстарс.

Во класата N-1400 имаше само двајца натпреварувачи, а трката успешно ја заврши Тоше Темелковски од АКК Скопје. Кај возачите од класата Е1-1600 победи Филип Василевски од АКК Custom car RT, а зад него се најдоа возачите на АКК Скопје, Дејан Стојанов и Златко Трајановски.

Во најсилната класа Е1-2000 првото место му припадна на Димитри Кимовски од АКК Перформанс, а зад него се најдоа Давид Малинковски од АКК Custom car RT и Даниел Блажевски од АКК ПСС РТ.

Во екипна конкуренција најмногу поени освоија возачите од АКК Custom car RT, пред АКК ПСС РТ и АКК Скопје. На прогласувањето на најдобрите, награди им беа доделени и на гостите од Бугарија, Дијана Стојанова која возеше во класата Е1-2000 и Јасе Николов во Е1-1600, како и на дебитантот од Кочани, Дејан Манасиев.

Организаторите искажаа благодарност за сите кои помогнаа трката да се одржи, при што беше нагласено дека се очекува за првпат годинава, по неколкугодишна пауза, Државниот шампинат во автомобилизам успешно да се реализира. До крајот на сезоната преостануваат уште кружната трка во Кичево и ридско-брзинскиот натпревар на Витачево кај Кавадарци.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Останати спортови

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more

Спектакл во Тексас, Вињалес влезе во историјата на кралската класа

Read more

Конор МекГрегор се враќа во октагонот

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе