Предлогот се заснова на концептот познат како панспермија, хипотезата дека животот се шири низ вселената преку метеорити, астероиди и вселенска прашина, кои патуваат и на тој начин оставаат траги - биопотписи.
Двајца истражувачи неодамна предложија нов начин со кој може да се опише како човештвото би можело да бара нови знаци на вонземен живот на далечни планети.
Предлогот се заснова токму на концептот панспермија, односно на хипотезата дека животот се шири низ вселената преку метеорити, астероиди и вселенска прашина.
„Нашиот модел покажува дека, како што животот се шири низ галаксијата, корелациите што се појавуваат помеѓу планетарните карактеристики и локацијата можат да функционираат како агностички (непознати, неодредени, неоткриени) биопотписи на ниво на население“, велат авторите на новата студија објавена на препринт серверот arXiv, дигитална архива на библиотека на Универзитетот „Корнел“.
Биопотписите се секаков вид супстанци, или нивни остатоци, кои можат да послужат како научен доказ за минатиот или сегашниот живот на планетата.
„Тој биопотпис е агностички, бидејќи е независен од силните претпоставки за кој било посебен пример на живот или планетарна карактеристика. Се фокусира на конкретна хипотеза за тоа што може да направи животот, а не што може да биде животот“.
Новиот пристап во потрагата по вонземен живот овозможува да се „открие биопотпис кој е дистрибуиран на неколку планети, без да се потпира на биохемиската дефиниција за животот“, објасни една од авторките на оваа научна хипотеза, Лана Синапајен, во објава на X.
„Симулираме едноставно сценарио и покажуваме дека, во тоа специфично сценарио, не само што можеме да откриеме присуство на живот со одредена доверба, туку и прецизно да откриеме кои планети се тераформирани“, додаде таа.