На продажба Ferrari кое го возеше легендарниот Кит Ричардс

Во 1972 година славната рок група „Ролинг Стоунс“ го објави едниот од своите најдобри албуми - „Exile on Main Street“, а од погонот на Ferrari излезе примерок од моделот Dino, кој истата година пристигна во гаражата на легендарниот рок гитарист Кит Ричардс.

Стигнувањето на самиот врв на светските топ листи, многу рок ѕвезди го прославуваа со купување на скапоцени суперспортски автомобили, а некои од нив, како Ник Мејсон од „Пинк Флојд“, станаа и големи автомобилски колекционери.

Гитаристот Кит Ричардс во 1972 го купи автомобилот Ferrari Dino 246 GT. За разлика од некои други сопственици, кои ваквите автомобили ги возеа повремено, Ричардс воопшто не го штедеше.

Наместо да го остави да собира прашина во гаража, славниот гитарист интензивно го користеше во текот на седумдесеттите години, кога неговиот бенд имаше турнеи ширум Европа.

„На тие турнеи по Европа групата патуваше со авион, додека Кит, кој го избегнуваше летањето секогаш кога имаше прилика за тоа, патуваше со своето Ferrari. Поради долгите патувања, тој често пристигнуваше во хотелите среде ноќ“, се сеќава Ален Дан, кој беше менаџерот на турнеите на „Ролинг Стоунс“.

Ferrari Dino 246 GT повеќе од 15 години остана во сопственост на британскиот гитарист, пред да го купи еден јапонски колекционер.

Кај него автомобилот се задржа до 2014 година, за истата година да биде продаден на аукција во Монако на уште еден музичар - Лијам Хаулет од групата „Продиџи“.

Хаулет неколку години го поседуваше овој автомобил, за потоа да му го продаде на моменталниот газда, кој одлучи да го понуди на аукција и да заработи на овој автомобил.

Моделот Dino е офарбан во сребрена боја и зад себе има околу 50.000 поминати километри, од кои околу 40.000 помина додека во седумдесеттите и осумдесеттите години го возеше Кит Ричардс.

Моторот на автомобилот е реставриран пред неколку години, а аукциската куќа Бонхамс очекува дека автомобилот, на аукцијата која се одржува следната недела, ќе достигне цена помеѓу 300.000 и 400.000 фунти.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Авто новости

Mansory создаде специјален Rolls-Royce Cullinan за изложбениот салон во Дубаи

Read more

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more
 

Автомобили

Mansory создаде специјален Rolls-Royce Cullinan за изложбениот салон во Дубаи

Читај повеќе

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе