Специјализираната веб-страница за бизнис во спортот, Sportico, објави листа на највредните фудбалски клубови во светот во моментов, а прв на листата е Манчестер Јунајтед кој се проценува на 6.200.000.000 долари.
Од заминувањето на славниот Сер Алекс Фергусон, Манчестер Јунајтед не бележи резултати вредни за споменување и е во целосна сенка на градскиот ривал Манчестер Сити. И покрај големите инвестиции, клубот никако не успева да се врати на стариот сјај, но она што не се намалува е вредноста на клубот кој сѐ уште е лидер во светот.
Втор на листата по вредност, зад тимот од Островот, е финалистот од Лигата на шампионите - Реал Мадрид - со 6.060.000.000 долари, додека трета е Барселона со 5.280.000.000 долари.
Ливерпул е на четвртото место со вредност од 5.110.000.000 долари, додека Баерн може да се пофали дека е проценет на 4.880.000.000 долари.
И покрај големите инвестиции, Манчестер Сити е само шести и вреди 4.750.000.000 долари. Шампионотр на Италија, Интер, е дури 16-ти со 1.060.000.000 долари, а две места пред него е градскиот ривалк Милан со 1.200.000.000 долари.
На листата во топ 20 се наоѓаат дури пет клуба од МЛС лигата и тоа Интер Мајами, двата од клуба од Лос Анџелес, Атланта Јунајтед и Њујорк Сити.
За вредноста се зема предвид сѐ што е во сопственост на еден клуб, од играчки кадар до стадион, фирми.