На Закерберг му „светна сијаличката“ што да прави со метаверзумот

Пред три дена беше објавено дека акциите на Meta пораснале за 20%, пренесува The Wall Street Journal.

Цената на акциите се зголеми речиси тројно во текот на изминатата година. Пазарната вредност на Meta сега повторно надмина илјада милијарди долари, ставајќи ја на исто ниво со гигантите како Apple, Microsoft, Amazon, Nvidia и Google.

Инаку, компанијата на Марк Закерберг излезе од тој хиперуспешен клуб во 2021 година, кога Закерберг излезе во јавноста со планот за метаверзум -  виртуелен свет во кој може да се влезе со помош на уред за виртуелна реалност. На стравот на акционерите влијаеше и промената на името од Facebook во Meta, како и зголемувањето на трошоците за околу 80%. Досега се покажа дека интересот на јавноста за виртуелната реалност е мал.

Во 2022 година, пазарната вредност на Meta падна за цели 78%, поради што Закерберг ја прогласи 2023 година за „година на ефикасност“, во која направи големи промени. Отпушти дури 22% од вработените.

Изгледа дека Meta заврши со штедење бидејќи ги зголемија очекуваните трошоци за две милијарди долари на нивниот состанок минатата недела, на 37 милијарди долари за оваа година.

Буџетот е зголемен бидејќи ќе купуваат сервери и други компоненти потребни за вештачка интелигенција. Закерберг рече дека планира да има околу 350.000 од најновите чипови Nvidia кои ќе ја напојуваат неговата мрежа до крајот на годината. Покрај Meta и Microsoft, Google и Amazon планираат да го зголемат буџетот за околу 10% со цел да развијат сопствени капацитети за користење на вештачка интелигенција.

Meta повторно вработува, главно програмери со долгогодишно искуство. Закерберг нагласи дека двата главни проекти и неговата долгорочна визија се метаверзумот и вештачката интелигенција.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе