Свет

Над 7.400 мигранти загинале за пет години

11. септември 2019 - 8:37 | МИА
Њујорк, 11 септември 2011 (МИА) – Повеќе од 7.400 мигранти и бегалци загинале од 2014 година во Африка, вклучувајќи повеќе од 570 лица оваа година, соопшти Меѓународната организација за миграција.

Во Африка во просек умираат по 25 мигранти и бегалци, изјави портпаролот на ИОМ, Џон Милман. Во Северна Африка има најголем број смртни случаи (4.400 луѓе), по што следи регионот јужно од Сахара (1.830 лица) и Африканскиот рог (1.171 лице).

Повеќе од 54.000 мигранти и бегалци дојдоа во Европа преку Медитеранот оваа година, при што загинаа над 900 луѓе, соопшти ИОМ. Во светот од почетокот на годината загинале 2.234 мигранти и бегалци, соопштија од организацијата. 

Коментирај