Тенис

Надал избори полуфинале на УС Опен

5. септември 2019 - 8:16 | МИА/КАЈГАНА

Шпанецот Рафаел Надал го надигра Аргентинецот Диего Шварцман во четвртфиналето на УС Oпен и си обезбедиме место во големата четворка на годинашното издание на њујоршкиот Грен слем.

Во меч што траеше речиси три часа вториот носител на турнирот, Надал ноќеска победи без изгубен сет. Првиот го доби со 6:4, вториот со 7:5, додека најубедлив беше во третиот кој го реши во своја полза со 6:2.

Негов следен противник ќе биде Италијанецот Матео Беретини, кој во четврфиналето го совлада Гаел Монфис.

 

Во другото полуфинале ќе се сретнат Данил Медведев (Русија) и Григор Димитров (Бугарија).

Вкупниот награден фонд на УС Опен е 57,2 милиони долари.

Коментирај