Надеж за иднината: Во заробеништво во Белгија се роди бел носорог

Младенче на бел носорог се роди во белгиската зоолошка градина, соопштија преку известување вработените во Паири Даиза, кои учествуваат во зачувувањето на овој загрозен вид.

„Во понеделникот, на 25 ноември рано наутро на свет дојде прекрасен мал мажјак“, стои во соопштението на Зоолошката. „Мајката Мадиба и младенчето се во добра состојба“.

Вработените соопштија дека уште една женка, Ели, е бремена, а раѓањето на нејзиното младенче се очекува кон крајот на оваа година.

И во двата случаи станува збор за природно зачнување.

Во соопштението стои дека јужниот бел носорог избегнал целосно изумирање во 20 век и се додава дека во дивината денес има околу 20.000 примероци.

На другиот подвид, северниот бел носорог, наскоро му се заканува изумирање. На планетата  постојат само две женки. Последниот мажјак Судан почина минатата година.

Поради губењето на природното живеалиште и ловокрадците, бројот на белите носорози опаѓа,а размножувањето оди бавно. Женките полово созреваат на 7 или 8 години и секои две до три години раѓаат по едно младенче по 16 месеци бременост.

Кај некои видови носорог успева вештачкото оплодување, но во последните 15 години поради комплексниот начин на размножување родени се помалку од 10 единки по овој пат.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе