Најавени промени за Евровизија, организаторите сакаат да биде уште повозбудлива

Годинешната Евровизија ќе има неколку промени кога се во прашање натпреварувачите и времетраењето на гласањето.

Имено, како што наведува шведскиот јавен сервис SVT, се воведуваат бројни промени кои ќе бидат воведени во 2024 година со цел Евровизијата во Малме да биде уште повозбудлива.

Таканаречената Големата петорка, составена од Франција, Италија, Шпанија, Обединетото Кралство и Германија, плус Шведска како домаќин, за прв пат ќе настапи во живо во полуфиналињата.

Инаку, претходно за време на полуфиналните вечери беа пуштани само кратки исечок од генералната проба на Големата петорка. Во првото полуфинале ќе се натпреваруваат Германија, Шведска и Обединетото Кралство, а во второто Италија, Шпанија и Франција.

Исто така, гледачите нема да мора да ја чекаат паузата за да ги слушнат овие претставници, бидејќи тие ќе бидат претставени меѓу настапите на земјите кои се борат за влез во финалето.

„Сметаме дека оваа промена им дава на земјите од Големата петорка и на земјата домаќин поправеден терен за игра во големото финале, бидејќи тие сега имаат можност да настапат на сцената во полуфиналето. Тоа е исто така победа и за публиката во салата и гледачите дома, бидејќи во живо можат да ги видат сите изведувачи што се натпреваруваат оваа година пред големото финале“, рече извршната продуцентка на Евровизија, Еба Адиелсон.

Потоа, гласањето ќе биде продолжено во финалната вечер. Имено, гласањето ќе биде отворено непосредно пред изведбата на првата песна. Ова правило се применува од 1997 година, односно откако публиката можеше да гласа, а единствено во 2010 и 2011 година можеше да се гласа по првата песна.

Дополнително, фановите од земјите што не учествуваат ќе имаат скоро 24 часа да гласаат за своите омилени песни пред да започне секој настап во живо. Онлајн гласањето ќе биде отворено за остатокот од светот веднаш по завршувањето на втората генерална проба за секое полуфинале и големото финале претходната вечер и ќе остане отворено до почетокот на настапите во живо.

Потсетуваме дека натпреварувањето ќе се одржи во Малме, Шведска. Првото полуфинале на Евровизија ќе се одржи на 7 мај, а второто полуфинале на 9 мај. Големото финале е закажано за сабота, 11 мај.

Македонија не учествува годинава, исто како и Турција, Романија, Унгарија, Словачка, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Монако, Андора, Белорусија, Бугарија и Русија.

Тагови
реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Музика

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Read more

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Read more

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Read more

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more
 

Сцена

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе