Најбрзиот камион во светот
По најавата за Volvo Iron Knight, објавено е видеото од соборувањето на брзинскиот рекорд во конкуренцијата за камиони. Камионот на шведскиот произведувач ги собори брзинските рекорди на 500 и 1.000 метри.
Iron Knight ја мина далечината од половина километар за 13,71 секунди со просечна брзина од 131,29 километри. За 1.000 метри му беа потребни 21,19 секунди со просечна брзина од 169 километри на час.