Најчестите грешки што возачите ги прават во врска со зимската опрема

Од денеска почнува законската обврска да се носи задолжителна зимска опрема, а тоа подразбира секако зимски гуми на вашето возило.

Следи заладување и промена на временските услови, па иако зимите веќе не се толку ладни како што беа порано, тоа не е причина да купите помалку квалитетни гуми или воопшто да не ги смените.

Ова се најчестите грешки што се прават во врска со изборот на зимска опрема.

„Не ми се потребни зимски гуми“

Тоа што можеби цела зима ретко ќе возите на снег и можеби коловозите ќе бидат суви, не ја заборавајте температурата на воздухот. Кај зимските гуми не станува збор само за длабочината на профилот и разликата во шарите, туку и за составот на гумата што е прилагоден на ниски температури, што значи дека нема да се стврднат и да ги изгубат карактеристиките што ви ја даваат безбедноста при возење.

Летните гуми при ниски температури значително ги менуваат своите карактеристики, па многу полошо ќе се „однесуваат“ во разни зимски услови, дури и ако имаат шара што навидум е погодна за возење на снег.

Исто така, да не забораваме дека на одредени делови од патот (како на мостови и надвозници) може да се појави подмрзнување што е многу опасно ако не сте соодветно опремени.

Некои се потпираат само на синџирите за снег, но оваа „тактика“ има многу недостатоци. Ќе наброиме неколку.

Кога ќе почне да паѓа снег, и најтенката покривка е доволна да ги претвори летните гуми во санки, а слојот снег на асфалтот е толку тенок што не можете да ставите синџири и да сакате, бидејќи не смее да го допираат асфалтот – може да дојде до пукање и создавање уште поголема штета на автомобилот.

Синџирите за снег се предвидени само за во услови на длабок снег и по закон треба да ги носите достапни во возилото од 15 ноември до 15 март.

Купување најевтини гуми по принципот „Колку да презимам“

Не се залетувајте по најевтините гуми бидејќи малата почетна заштеда подоцна може да се претвори во голем трошок. На пазарот денес има многу производители и брендови, па на просечните возачи им е многу тешко да го проценат односот меѓу квалитетот и цената.

Постојано се појавуваат некои нови имиња за кои е тешко да утврдите која е земја на потекло и каде е регистрирана компанијата. Затоа не е лошо да направите мало истражување пред да излезете да купувате зимски гуми.

Ви препорачуваме да ги прочитате овие совети и насоки за да направите поинформиран избор:

Главно, кога станува збор за најчестите димензии, разликата во цена меѓу најевтините т.н. „нискобуџетни“ гуми и оние за кои може да се рече дека спаѓаат во средниот или премиум сегментот, не е многу голема.

Купување половни гуми

Не знаете ни во каква состојба се, ни колку километри поминале. Може да имаат скриени маани што не може да се видат со голо око, па дури ни при монтирање или балансирање.

На пример, може да е оштетена внатрешната носечка структура од удар или нагло качување преку работ на тротоарот.

Додека се користат гумите, на материјалот од кој се изградени пневматиците му се менуваат карактеристиките под различни услови, па имаат помало триење при кочење или вртење. Да не ги забораваме и микропукнатините и другите ситни оштетувања за кои не е свесен ни продавачот на половните гуми.

Длабочината на шарите не е показател за поминатата километража. Слојот што гази, слојот на гумата што има контакт со тлото, се троши со различна брзина и интензитет во зависност од стилот и условите на возење, тежината на возилото, моќноста на моторот, временските услови, квалитетот на асфалтот...

Проценка на карактеристиките на зимските гуми врз основа на шарите

Стара навика на возачите кај нас е да влезат во продавница или вулканизер и визуелно, врз основа на шарите на слојот што гази да проценат која гума е најдобра за на снег, односно за во зима.

Порано на тој начин се проценуваше која гума може подобро да „копа“ по снегот, но технологијата во меѓувреме значително напредуваше, па денешните зимски гуми имаат значително понапредна конструкција на слојот што гази.

Затоа, паметно е навремено да почнете да го планирате купувањето на зимски гуми и да бидете темелно информирани.

Не гледате на зимските гуми како на инвестиција

Купувањето квалитетни зимски гуми е добра инвестиција од повеќе причини. Со нив сте побезбедни и ги намалувате шансите да ви се случи сообраќајна незгода поради лоши услови на патот што може да имаат уште поскапи последици.

Ја намалувате и штетата на автомобилот и веројатноста да платите многу повеќе ако останете заглавени некаде и покрај тоа што ќе изгубите време, ќе мора да викнете помош. Ако вие сте ја предизвикале незгодата, следната година ќе ви биде поскапо осигурувањето.

Ако користите посебен сет на челични фелни со зимските гуми обезбедувате подобра заштита од солта што често се фрла на патиштата во зимскиот период, како и од дупки на патот предизвикани од разјадување на асфалтот.

Чекате додека длабочната не падне на законски минимум

По закон, длабочина на шарите на слојот што гази треба да биде најалку 4 милиметри.

Меѓутоа, се препорачува да не чекате да падне на минимум пред да ги смените. Имајте предвид дека и материјалот од кој се направени гумите со тек на време ги губи карактеристиките што се неопходни за безбедно возење во зимски услови.

Remote video URL
Купувате квалитетни гуми за предните тркала, а старите ги ставате на задните

Задните тркала се подеднакво важни за стабилноста и безбедноста на автомобилот, без разлика на временските услови.

Оваа лоша навика не само што не ви заштедува пари, туку може скапо да ве чини понатаму.

Постои поголема опасност да ви зализга задниот дел на возилото и да изгубите контрола, особено при кочење или свртување.

Не ризикувајте и наместете зимски гуми со ист квалитет и старост на сите тркала на возилото.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Авто новости

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Read more

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Read more

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Read more

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Read more
 

Автомобили

  • filter

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Читај повеќе

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Читај повеќе

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Читај повеќе

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе
  • filter

5 евтини додатоци кои секој треба да ги има во автомобилот

Читај повеќе
  • filter

Škoda Octavia: Освежување на бестселерот

Читај повеќе