Леталото New Horizons досега има испратено голем број податоци за Плутон, а неодамна НАСА ја сподели досега најдеталната фотографија направена од оваа планета.
Станува збор за фотографија со резолуција од 80 метри на пиксел, а акцентот е поставен на „срцето“ на Плутон, област составена од снег што содржи азот, метан и јаглерод моноксид. Фотографијата е направена од висина на 15.850 километри. Фотографијата од мозаик е досега најдеталната снимка од Плутон.
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=NEdvyrKokX4]