Книги

Најдобрите книги на годината, според Goodreads

4. декември 2013 - 16:12 | Б.С.Б.

Читателите на сајтот за книги, Goodreads петта година по ред ги одбираат најдобрите книги од различни жанрови. Станува збор за гласање на скоро 2 милиони читатели, а погледнете дали вашата омилена книга се наоѓа на листата.

Халед Хосеини и неговата книга „И планините одекнаа“, книга која и во Македонија беше прогласена за најпродавана книга од земјите на Балканот, е прогласена за најдобар роман.

Книгата „Инферно“ од Ден Браун е прогласена за најдобра мистерија/трилер. За најдобар историски роман читателите го изгласале „Животот по живот“ од Кејт Аткинсон.

За најдобар мемоар/автобиографија е изгласана публикацијата „Јас сум Малала“ од Малала Јусуфзаи, девојчето кое храбро им се спротивстави на Талибанците за правата на едукација на девојчињата.

За најдобра поезија е изгласана „Падот на Артур“ од Толкин, а за најдобар хорор е продолжението на книгата „Сјаење“ од Стивен Кинг, „Д-р Слип“.

Коментирај