Тенис

Најемотивниот момент на турнирот: Публиката на нозе, Рафа во солзи

9. септември 2019 - 14:46 | А.С.

Рафаел Надал со освојувањето на УС Опен стигна до 19-тата Грен слем титула во кариерата.

Потешко од очекувањата, по речиси пет часа игра, го совлада Данил Медведев со 3-2, по сетови 7:5, 6:3, 5:7, 4:6 и 6:4.

За Надал ова беше четврти трофеј во Њујорк и сега му недостига само уште еден да се изедначи со Роџер Федерер.

Додека се чекаше прогалсувањето на победникот, Надал беше видно возбуден и емотивен и не можеше да ги совлада солзите радосници додека публиката на нозе скандираше: „Рафа! Рафа! Рафа!“ во чест на еден од најголемите тенисери на сите времиња и најголем шпански спортист воопшто.

Шпанецот одговори понизно и во солзи, со мавтање и аплауз назад до публиката на која ѝ се заблагодари за поддршката која беше на негова страна на мечот против младиот Русин.

Коментирај