Авто новости

Најевтиниот електричен Volkswagen ќе чини помалку од 20.000 евра

12. ноември 2018 - 14:42 | К.З.

Германскиот автомобилски гигант подготвува голема офанзива на пазарот на електрични автомобили. Во склоп на новите планови, компанијата ќе прилагоди три од нивните фабрики во Германија за да може во нив да произведува повеќе електрични автомобили.

Од компанијата велат дека најевтиниот електричен модел ќе чини нешто помалку од 20.000 евра, што го прави 6.000 евра поевтин од еден од најпопуларните електрични автомобили во светот, Nissan Leaf.

Volskwagen планира да произведува околу 200.000 автомобили од овој модел годишно. Компанијата најави дека првиот модел на струја од новата генерација ќе биде компактен хечбек базиран на I.D. Concept од 2016 година.

Освен овој автомобил, во план е и електричниот I.D. Buzz кој ќе се изработува во фабриката во Хановер, додека третиот модел во серијата ќе биде кросоверот I.D. Crozz. Хечбекот Volskwagen I.D. пристигнува на пазарот во 2020 година, по што може да се очекува и лансирањето на моделот I.D. Crozz.

Последниот модел од серијата, I.D. Buzz ќе се појави на пазарот во 2022 година.

Коментирај